
Милан ја потврди замената за Тео Ернандез, росонерите имаат нов лев бек!
Росонерите се подновија на левата бековска позиција, Еступињан е прв Еквадорец кој ќе настапува за Милан.
„Милан со задоволство може да соопшти дека Первис Еступињан му се приклучи на клубот на пермаментна основа. Еквадорскиот фудбалер потпиша договор со Росонерите до 30 јуни 2030 година“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.
Еступињан во Милан ќе го носи дресот со број 2.