Меси му одговори на Роналдо: Не сакам да го напуштам најдобриот клуб во светот!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои шестата „Златна копачка“ со која стана рекордер во историјата на фудбалот.

Никој пред него не успеа да биде најдобар стрелец во Европа шест пати кога станува збор за домашните првенства. Меси минатата сезона во Ла Лига постигна 36 голови, а никој не можеше да дојде до ваква бројка во другите европски лиги.

Откако вчера му беше врачена „Златната копачка“ на церемонијата, Меси се присети на едно прашање кое му ги постави Кристијано Роналдо неодамна, за тоа капитенот на Барселона да се проба во некоја друга лига.

Сите имаат своите цели. Јас навистина немам потреба да го напуштам најдобриот клуб во светот, кратко прокоментира Меси.

Аргентинецот исто така откри кога ќе ја заврши својата богата кариера.

Тоа ќе го направам кога моето тело повеќе нема да може да го издржи притисокот. Во вашиот ум мислите дека имате 25 години и сеуште можете да играте со полна моќ, но во овој случај вашето тело одлучува дали можете да продолжите или не. Сега во некои работи морам да бидам повнимателен од претходно, морам да посветам поголемо внимание на тренинзите и подготовките за натпревари, додаде Аргентинецот.