Меси ја доби шестата „златна копачка“, ама син му Матео беше хит на доделувањето (ВИДЕО)

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси денеска ја доби својата шеста „златна копачка“, за најдобар стрелец во Европа и денеска на свечена церемонија го доби признанието, ама на доделувањето хит беше неговиот помал син Матео.

Прв „златната копачка“ ја доби постариот син, ама Матео така жестоко тргна да ја земе, што дури ги изнасмеа присутните. Меси за својата најнова награда им се заблагодари на соиграчите за 36-те гола со кој стигна до признанието, три повеќе од Килијан Мбапе, а трет во таа трка беше Фабио Кваљарела со 26.

„Луис Суарез и Жорди Алба, кои се тука, се најголеми 'виновници' за оваа награда. Без својот тим никогаш немаше да победам, а ова е трофеј за сите нив. Одиме годинава да освоиме сè што можеме“, рече Меси.