Меси ги разочара Американците - може да добие казна!

Најголемата звезда во МЛС, Лионел Меси не се појави на ол-стар мечот кој се играше синоќа иако требаше да биде дел од ова шоу.

На неколку часа пред настанот, Интер Мајами го известил раководството на МЛС дека Лионел Меси и Жорди Алба нема да настапат на мечот.

Голем дел од навивачите купиле билет за да го видат Меси на овој ревијален шоу натпревар, но си заминале разочарани за неговото неприсуство.

Поради откажувањето на учеството Меси треба да добие казна, така велат правилата на МЛС.

Фудбалерите кои ќе бидат повикани, а нема да дојдат на ол-стар натпреварот, ќе добијат суспензија од еден меч. Исклучок од ова правило е само доколку фудбалерот е повреден, во овој случај немаше пријава за повреда на Аргентинецот.