Мечот на кој ќе дебитира Канаваро ќе трае само 20 минути!

Фабио Канаваро синоќа беше назначен за нов тренер на Удинезе, тоа за него ќе биде прв тренерски предизвик во Серија А, а дебито ќе му биде необично.

Канаваро веднаш почна да работи со тимот, а на клупата ќе дебитира во четврток на меч против Рома.

Интересно, неговиот прв натпревар на клупата на Удинезе ќе биде необичен, односно ќе трае околу 20 минути. Тоа е дуел кој беше прекинат, па во четврток треба да се доигра.

Мечот меѓу Удинезе и Рома ќе се игра од 70. минута, односно од моментот кога на теренот се сруши Ендика и дуелот беше прекинат.

Во моментот кога мечот беше прекинат резултатот беше 1-1.