Магијата на Меси во финишот го расплака Мадрид (ВИДЕО)

Барселона славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид во рамки на дербито на 15.коло во Ла Лига. 

Лионел Меси беше стрелец на единствениот гол за гостите во 88-та минута, по одличната двојна игра со Луис Суарез. Тоа беше прв гол кариеарта на Аргентинецот на новиот стадион на Атлетико, „Ванда Метрополитано“. 

Ова се исклучително важни три бода за актуелниот првак, кој останува изедначен на врвот на табелата со 31 бод со Реал Мадрид. Атлетико по вториот сезонски пораз по кој падна на шестата позиција.