Ливерпул почна преговори со човекот кој прави чуда со Феенорд

Поранешниот европски и англиски шампион Ливерпул ова лето ќе се раздели со Германецот Јирген Клоп, а во медиумите се појавија неколку потенцијални кандидати за негов наследник.

Познатиот новинар Фабрицио Романо, кој ретко греши, објави дека Ливерпул почнал преговори со еден од главните кандидати за нов тренер, а тоа е Арне Слот.

Слот минатата година ја освои титулата во холандскиот шампионат, а оваа година го крена пехарот во Купот на Холандија, а исто така стигна и до финалето во Конференциската лига каде што беше поразен од Рома.

Холанѓанецот минатата година беше голема желба на Тотнем, но не сакаше да се пресели во Премиерлигата.