Лапорта задоволно трие раце: Барселона ќе потпише договор вреден 1,2 милијарди евра!

Барселона оваа сезона ги разочара навивачите со своите резултати, но претседателот на клубот, Жоан Лапорта најави подобри времиња за каталонскиот гигант, како и потпишување на договор вреден 1,2 милијарди евра.

Каталонскиот тим имаше сериозни финансиски проблеми во изминатите години, па поради тоа на крајот на сезонава ќе мора да продадат некоја од ѕвездите. Сепак, касата ќе ја наполни и договорот кој треба да се потпише со „Најк“.

Лапорта договара мега-договор со спонзорот, па така Барселона ќе добива 120 милиони евра во следните 10 години, односно вкупно 1,2 милијарди евра за 10 години.