Куртоа: Ме критикуваат, бидејќи сум еден од најдобрите на светот

Тибо Куртоа за време на прес-конференцијата на Белгија зборуваше за критиките кои медиумите во Шпанија ги објавуваат за него, кога е на голот на Реал Мадрид. 

Голманот вели дека е целосно фокусиран на својата игра и не го интересираат пишувањата и критиките.

„Не читам што пишуваат медиумите, обрнувам внимание само на она што ми го кажува тренерот и моите соиграчи. Ако тие што пишуваат никогаш не биле голмани, како би знаеле што пишуваат? Не се сомневам во моите способности. Јас сум еден од најдобрите голмани на светот и затоа понекогаш ме критикуваат. Смирен сум, бидејќи имав добри настапи изминатите неколку натпревари, добро ја почнавме сезоната и ќе продолжиме во тој стил“, изјави Куртоа.