Крај на една ера: Капитенот на Реал по 23 години заминува од Мадрид!

Капитенот на Реал Мадрид, Начо го известил раководството на шпанскиот гигант дека нема да го продолжи договорот и ќе замине од клубот на крајот на сезоната.

Начо пристигна во младинскиот тим на „кралевите“ во 2001 година, а 23 години подоцна реши дека е време да им каже збогум на навивачите на Реал Мадрид.

Шпанецот освои 24 пехари со „кралскиот клуб“ за кој досега одигра вкупно 348 натпревари и постигна 16 голови.

Новинарот Фабрицио Романо претходно објави дека Реал има замена за капитенот, а тоа е 18-годишниот Лени Јоро од Лил.