Конте: Управата на Челси е глупава...

Менаџерот на Челси, Антонио Конте се донесе во ситуација да заработи отказ, поради неговите катастрофални резултати во Премиерлигата, но и покрај тоа, Италијанецот вели дека доколку добие отказ, тоа ќе биде многу глупава реакција на управата.

Челси во минатите две кола беше два пати шокиран и поразен од Бурнмут и Вотфорд, па поради тоа се „разгоре“ целата приказна за неговото заминување.

„Се продолжува соработка со тренер нѐ поради тоа што го постигнал во сезоната, туку затоа што му верувате. Тоа не значи дека мора да се освои нешто. Може да освоите трофеј, а клубот повторно да не биде задоволен со вас. Во исто време, управата може да верува во тренерот и неговата работа доколку тимот не победува. Тоа се две патишта. Глупав и интелигентен, барем според мое мислење, а доколку добијам отказ, тоа би било навистина глупав потег на управата“, вели Конте.