Клуб со вакви навивачи не треба да се плаши од - снег! (ВИДЕО)

Навивачите на Цирих не дозволија да се одложи мечот против Сент Гален, тие го исчистија снегот и теренот од бел го направија повторно зелен.

Изминатиот викенд во Швајцарија падна снег, па почетокот на мечот меѓу Цирих и Сент Гален беше доведен во прашање.

Помошта стигна од навивачите на домаќините, дел од нив се симнаа на теренот, се фатија за лопатите и го исчистија теренот од снегот.

Мечот се одигра, но за жал нивниот тим загуби со 1-0.