Ќе мине 600 км со велосипед за да потпише нов договор!

Пред неколку дена беше објавено дека бразилскиот напаѓач Фред си пронашол нов клуб, односно ќе се врати во Флуминенсе, каде што ги мина најдобрите денови во кариерата.

Искусниот фудбалер привлече внимание со начинот на кој ќе стигне во просториите на клубот, каде што треба да го потпише договорот.

Фред објави дека ќе патува кон Рио де Жанеиро со велосипед. Напаѓачот ќе мине дури 600 км за пет дена до стадионот на Флуминенсе и ќе потпише двегодишен договор.