Јувентус по елиминацијата во ЛШ отпиша пет фудбалери!

Јувентус вчера беше елиминиран од Лигата на шампиони од Лион, по што жестоки критики доби треберот Маурицио Сари, кој најверојатно ќе добие отказ.

Италијанските медиуми пишуваат дека постои можност на кормилото на Јувентус да пристигне Маурицио Покетино, а освен тоа се очекува „Старата дама“ да продаде пет фудбалери.

„Калчомеркато“ објави дека „Старата дама“ ќе ги продаде Даниеле Ругани, Федерико Бернардески, Гонзало Игуаин, Сами Кедира и Матија де Шиљо.