Јувентус очаен: Не може да го победи ниту Беневенто (ВИДЕО)

Јувентус ја продолжи лошата форма на гостински терен откако денеска одигра само 1-1 кај Беневенто во рамки на 9.коло во Серија А. 

„Старата дама“ останува на само еден триумф на гости сезонава од пет натпревари. Тренерот Андреа Пирло реши да го одмори Кристијано Роналдо за овој дуел, а тоа му се „освети“ со лошиот резултат и исклучително лошата игра. 

Алваро Мората ги доведе гостите во водство во 21-та минута, откако доби една фантастична дијагонала од Федерико Киеза. Домашниот тим го постигна израмнувачкиот гол во судиското продолжение на првиот дел преку Гаетано Летиција, откако Артур имаше очајна реакција во сопствениот шеснаесетник.