
Јунајтед му дава 10 милиони фунти на Мегваер само да си оди од „Олд Трафорд“
Мегваер е најскапиот светски дефанзивец кој во Јунајтед дојде во 2019 година од Лестар, но сезонава играше како стартер само на 16 меча од вкупно 61 и според најавите стоперот е веќе на излезна врата, а неколку италијански калчолигаши добиле понуда да го ангажираат.
Тој има уште две години од договорот на „Олд Трафорд“ и 190.000 фунти неделна плата, па Јунајтед за да ја забрза работата за да го откачи сега планира да го искешира со 10 милиони фунти и на тој начин да ја заврши работата за да ослободи место за уште едно дефанзивно засилување за новата сезона.
Мегваер е дел од списокот на Герет Саутгејт за претстојните јунски евроквалификациски мечеви меѓу кои е и пресметката на „Гордиот Албион“ со Македонија на 19 јуни, токму во домот на Манчестер јунајтед.