„Изненаден сум како тренери без успех работат во најдобрите клубови во светот“

Португалскиот тренер Жозе Мурињо во моментов е на кормилото на Бенфика, иако во текот на кариерата предводеше едни од најдобрите клубови во светот како Интер, Челси, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и други.

Мурињо на прес-конференција кажа дека е изненаден како одредени тренери без никакви постигнувања во кариерата успеваат да седнат на кормилата на најдобрите светски тимови.

„Изненаден сум кога ќе видам како тренери кои немаат постигнато ништо работат и ги тренираат најголемите клубови во светот“, кажа Мурињо.