Интер се засилува со дефанзивец од Манчестер сити

Интер е во потрага по нов бек, откако ниту Патрик, ниту пак Шиме Врсаљко не се покажаа како добри инвестиции сезонава. 

„Нераѕурите“ веруваат дека Данило би можел да биде решение за проблематичната позиција. Бразилецот речиси и да не игра во таборот на Манчестер сити сезонава, откако лани пристигна од редовите на Реал Мадрид.

27-годишниот фудбалер подеднакво добро се снаоѓа и како лев и како десен бек, што го прави многу интересен за Интер. Тој во Сити пристигна за сума од 30 милиони евра, но се чини дека „граѓаните“ би се разделиле од Данило за 20 милиони евра.