Хаос пред очите на Миовски: Хулигани влетаа на терен, се спасуваше жива глава! (ФОТО+ВИДЕО)

Селтик го елиминира Ренџерс на пенали (4-2) во ФА-купот на Шкотска, но на теренот на „Ајброкс“ се случуваше вистински хаос кога хулигани тргнаа да се пресметаат со фудбалерите.

Навивачите на Селтик втрчаа на терен да ја прослават победата, а на тоа реагираа и нивните ривали, по што дел од хулиганите стигнаа и до фудбалерите.

Полицијата на теренот мораше да интервенира за да прекине посериозен инцидент, додека фудбалерите спасуваа жива глава.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не доби шанса за игра, односно остана на клупата за резерви.