Гризман конечно ги разреши сите дилеми!

Конечно заврши и трансфер сагата околу Антоан Гризман.

Приказната која неколку месеци беше активна околу иднината на Гризман конечно е завршена. Французинот вети дека пред првиот меч на Мундијалот ќе обелодени за да се сконцентрира на репрезентацијата, а вечерва го исполни ветувањето. Преку видео порака ѝ се обрати на јавноста и навивачите.

„Одлучив да останам“, порача Гризман.

Од минатото лето трае неизвесноста околу неговата иднина. Тогаш Атлетико му ја удвои платата за да остане бидејќи клубот имаше забрана за регистрација на засилувања до 1 јануари. Гризнам потпиша нов договор, но со услов откупната клаузула да остане на 100 милиони евра.

Истовремно доби ветување од Барса дека следното лето Каталонците, но Гризман сепак одлучи да остане во Атлетико. Ќе потпише повторно нов договор, со значајно зголемување на платата...