Гризман денеска на прес-конференција ќе ја соопшти одлуката за својата иднина

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман денеска ќе има прес-конференција на која главна тема ќе биде неговата иднина. 

Тој моментално е со француската репрезентација, но како што најави и претходно, пред  да започне Светското првенство ќе објави дали останува во Алетико Мадрид или ќе бара нов предизвик во друг клуб.

Напаѓачот веќе подолго време е поврзуван со трансфер во редовите на Барселона, која е подготвена да плати 100 милиони евра за неговите услуги.