Голем пех: Гуџуфи ги скинал лигаментите на коленото

Голем пех доживеал младиот македонски талент Бесир Гуџуфи, вардаровото дете кое преку Беласица дојде во турскиот гигант Бешикташ и летово доби петгодишен професионален договор, откако ги скинал лигаментите на коленото и сега го очекува долга пауза.

Турскиот новинар Серџан Дикме ја објави информацијата за тешката повреда на младинскиот македонски репрезентативец и голема иднина на македонскиот фудбал. Гуџуфи ја мина вардаровата школа по што си замина од црвено-црните во зимата 2021 после комплетниот распад на најтрофејниот клуб и преку Беласица замина во Бешикташ, но турските црно-бели чекаа да стане полнолетен за да му дадат професионален договор.

Гуџуфи беше дел на сите младинските селекции на Македонија од 15 до 19 години, а сега го очекува пауза помеѓу шест и осум месеци поради една од најтешките повреди, вкрстените лигаменти на коленото.