Го прашаа Мурињо за желбата на Погба да си оди – им одговори „специјално“

Каква е врската на Жозе Мурињо со Пол Погба никој не знае, ама медиумите веќе со денови постојано шпекулираат дека односите се очајни и дека Французинот сака да си замине од „Олд Трафорд“. Отидоа дотаму дека Погба наводно побарал да дојде Зинедин Зидан како услов да остане, ама кога го прашаа Мурињо за целиот случај со (не)одењето на Погба, Португалецот одговори - „специјално“.

Мурињо за светскиот првак Погба посочи дека никогаш од него не слушнал дека е незадоволен во Манчестер, што значи дека останува, но призна дека „живее во темница“ поради постојаните шпекулации за иднината на Французинот.

„Јас не знам дали е тоа точно (дали Погба притиска за трансфер – н.з.). Исто така треба и неговиот менаџер тоа да го каже и тоа на начин каде што ќе можам да го видам и да го чујам. Ако го видам господинот Рајола на телевизија како вели дека играчот сака да си оди, како и тоа дека тој организира за да си замине неговиот клиент, тогаш во ред ќе верувам на тоа. Ама, во моментов јас сум во темница. Единствено нешто што е јасно за мене е дека играчот, никогаш, ама баш никогаш во овој период, не ми кажал дека сака да си оди. Пол се врати од СП и па не кажа дека сака да си оди. И ако не ми кажува дека сака да си оди, тоа е затоа што сака да остане! Тоа е заклучокот, така?“, одговорил Мурињо во свој стил на прашањето за иднината на Погба.