Газдата на Кардиф се јави по исчезнувањето на нивниот најскап фудбалер (ФОТО)

Газдата на Кардиф, Мехмед Далман конечно се појави во јавност, откако синоќа исчезнало нивното најскапо засилување Емилијано Сала, кој тргнал кон Нанат.

Сала пристигна во Кардиф за 17 милиони евра минатиот викенд, а потоа тргна да се поздрави со поранешните соиграчи, но неговиот авион исчезна некаде помеѓу Англија и Франција, по што Далман кажа дека се вознемирени.

„Загрижени сме поради Сала и вестите за исчезнатиот авион. Уште чекаме потврда, за да може да кажеме било што за целата ситуација“, кажа Далман.