Гарначо доби грозни навреди: Предавник, стаорец, пакувај ги куферите!

Англискиот репрезенативец Маркус Рашфорд го напушти Манчестер јунајтед и го облече дресот на Барселона, по што доби голема поддршка од неговиот поранешен соиграч Алехандро Гарначо, но тоа предизвика револт кај навивачите на премиерлигашот.

Гарначо веќе некое време не е омилен кај фановите на „црвените ѓаволи“, кои го нападнаа со различни навреди на социјалните мрежи и побараа од управата да го избрка од „Олд Трафорд“.

„Предавник, стаорец, ти си следен, пакувај ги куферите, никому не му требаш ниту бесплатно“, беа само дел од пораките кои ги доби Гарначо.

Аргентинецот не замина со тимот на подготовките затоа што тренерот Рубен Аморим не смета на него и во следниот период треба да си најде нов клуб.

Фото: Facebook/Manchester United