Фудбалерите на Јунајтед и Сити имале „трето полувреме“ во тунелот на „Олд Трафорд“

Манчестер сити го совлада Манчестер Јунајтед со 1-2 на „Олд Трафорд“ и избега на 11 бодови на врвот на табелата во Премирлигата во однос на градскиот ривал. 

„Дејли Мејл“ пишува дека фудбалерите на двата тима се судриле во тунелот по завршувањето на натпреварот. Во гужвата учествувале дваесетина лица, меѓу кои фудбалери и членови на стручниот штаб на двата тима. 

Наводно, Мурињо бил испрскан со шише вода, а фудбалерите дури и почнале физичка пресметка пред полицијата, која брзо ја смирила ситуацијата. Фудбалерите на Јунајтед ја започнале гужвата откако сметале дека „граѓаните“ претерале во радоста во тунелот и морале да покажат повеќе почит кон нив.

Мурињо потоа влегол во соблекувалната на Сити и нешто искоментирал, а веднаш реагирал и голманот Едерсон, кој се соочил со Португалецот. Откако се смириле страстите полицијата останала пред вратите на двата тима во случај да не продолжи пресметката.