Фиорентина загуби од Каљари и остана во зоната за испаѓање

Фудбалерите на Каљари направија големо изненадување на гостувањето кај Фиорентина (2-1) во 22. коло од италијанската Серија А.

Каљари погоди за водство од 1-0 во 31. минута преку Киличој, а на стартот на вториот дел стрелаше и Палестра.

Фиорентина успеа преку Брешианини да намали на 1-2 во 74. минута, но домаќинот немаше сила за втор погодок.

Standings provided by Sofascore