Фиорентина ја прекина доминацијата на Јувентус која траеше - 560 дена!

Италијанскиот шампион Јувентус за првпат од трети март 2018 година го испушти првото место во Серија А, откако одигра 0-0 против Фиорентина во Фиренца.

Јувентус по дури 560 дена го остави првото место, на кое сега се искачи Интер со максимални девет бода од три меча.

„Старата дама“ на трети март 2018 година го победи Лацио, а Наполи загуби од Рома и тогаш клубот од Торино го презема првото место кое не го пушти до вчера, а тоа воедно беше и поход на седмата титула по ред.

Секако, Јувентус и сезонава е фаворит со титулата, иако не треба да се отпишуваат Интер и Наполи, клубот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.