Фиорентина го запре црвено-белиот Јувентус!

Екипата на Фиорентина успеа да остане непоразена во дуелот против Јувентус, во ракму на 3. коло во Серија А.

Домаќините беа далку подобар противник во првиот дел од актуелниот шампион, притоа не искористи неколку шанси за да го отвори резултатот. Прво Федерико Киеза во 16. минута и Енрике Далберт во 41. беа блиску да донесат водство за виолетовите, но не успеаја да ја затресат противничката мрежа.

Во второто полувреме имаше многу повеќе возбудувања. но мрежите мируваа. Инаку, предводникот на Јувентус, Маурицио Сари, мораше да направи и трета принудна замена, откако поради повреда мечот го заврши и Данило. Претходно, поради повреда, мораа теренот да го напуштат и Миралем Пјаниќ и Даглас Коста.

Сериозен проблем за Сари ќе бидат повредите пресрет на првата средба од ЛШ, на гостински терен против Атлетико Мадрид. Во таборот на Јуве ќе се надеваат дека повредените ќе успеат да се вратат до големото дерби со Интер, закажано за 6 октомври.