Џерард: Салах е најдобриот фудбалер во светот!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард вели дека во моментов ниту еден фудбалер не може да се спореди со Мохамед Салах.

Уште една одлична игра на Египќанецот во дресот на „црвените“ во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони против Рома (5-2), откако постигна два гола и имаше две асистенции.

Салах сезонава постигна 43 гола, а тоа е доволно добра причина Џерард да го прогласи за подобар од Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

„Никогаш не бил во подобра форма. Тешко е да го споредите со Роналдо и Меси, затоа што тие беа на високо ниво долго време. Сепак, без сомнеж, Салах е најдобар фудбалер во светот во моментов“, кажа Џерард.

Египќанецот продолжува да руши рекорди, па така е единствен фудбалер на Ливерпул, кој дал гол во секоја од последните пет натпревари кои ги почнал, а тоа последен пат му успеало на Џерард пред десет години.