Доказ дека топката не ја минала гол-линијата на Реал Мадрид (ФОТО)

Фудбалерите на Реал Мадрид триумфираа против Барселона со 3-2 во „Ел Класико“, но натпреварот го одбележа контроверзна ситуација во финишот на првото полувреме.

Голманот Лунин ја запре топката на гол-линијата на „кралевите“, но Барселона бараше да биде признат голот, иако ВАР-технологијата пресуди во корист на Реал Мадрид.

Поради оваа одлука имаше голем број реакции во шпанската јавност, но набрзо „Канал+“ објави фотографија која потврдува дека цела топка не ја минала гол-линијата.