Динамо ќе има шест милиони причини за славје ако Олмо потпише за Барселона

Талентираниот фудбалер Дани Олмо е блиску до враќање во Барселона, каде што во минатото тренираше во академијата „Ла Масија“, а ова ќе донесе радосна вест и за хрватскиот гигант Динамо Загреб.

„Мундо Депортиво“ објави дека почнала операцијата на Барселона за ангажман на Олмо, па трансферот се очекува да чини околу 60 милиони евра.

Хрватските медиуми пишуваат дека дел од колачот ќе добие и гигантот од Загреб, односно на Динамо ќе му припаднат околу шест милиони евра.

Олмо досега настапи на 145 натпревари за Лајпциг и постигна 29 голови и 34 асистенции.