Дембеле е генијалец, вакво ремек-дело ретко се гледа! (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ во последниот натпревар од Лига 1 изминатата вечер славеа победа од 3-0, победата за актуелниот француски шампион ја обезбедија Дембеле и Баркола.

Дембеле беше стрелец на два гола, по еден во двете полувремиња, а едниот од нив беше вистиннско ремек-дело.

Се играше 64. минута кога освојувачот на „Златната топка“ постигна генијален гол. Нуно Мендеш ја одзема топката на средината од теренот, додаде до Дуе кој го проигра Дембеле кој потоа иако имаше четворица фудбалери покрај себе успеа на мајсторски начин да го најде патот до мрежата.