Делуваше невозможно да се собори рекордот на Пеле се додека не се појави Меси

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, е на добар пат да го собори долгогодишниот рекорд, кој некогаш се сметаше за неодопирлив.

Со 643 голови кои ги постигна Едсон Арантес до Насчименто, познат како Пеле, во 18-те години минати во бразилскиот клуб Сантош, беа речиси недопирливи, но набргу историјата може да се промени.

До доаѓањето на Меси на сцена, ниту еден играч сериозно не успеа да се закани дека ќе го надмине трикратниот победник на Светското првенство по бројот на постигнати голови во дресот на еден клуб.

Сепак, Меси во неделата го постигна својот 604 гол за Барселона, намалувајќи ја негативата на Пеле од 39 погодоци.

Во неговиот 691 натпревар за Барса, од своето деби во 2004 година, Меси има постигнато 420 голови во Ла Лига, 112 во Лигата на шампионите, 51 во Купот на Кралот, 13 во шпанскиот Суперкуп, пет во Светскиот куп и три во Суперкупот на УЕФА.

Со оглед на тоа што за Барса има постигнато над 40 гола во секоја од последните 10 сезони, Меси се чини дека овој рекорд реално може да го мине уште оваа сезона.