
Дали е ова играчот за кој Челси плати богатство и му даде осумгодишен договор!? (ВИДЕО)
Во воведниот дел од дербито против Манчестер јунајтед, Мудрик имаше неверојатна шанса, промаши од чиста позиција. Многумина се прашуваат дали Челси во бунар ја фрли инвестицијата за него.
Мудрик има осумгодишен договор и огромна плата, но на теренот барем засега изгледа очајно лошо.
Брзо по неговото промашување, Манчестер јунајтед преку Каземиро поведе со 1-0.