Циркузи во Минхен: Баерн ја казни катастрофалната грешка на Зомер, па си постигна автогол (ВИДЕО)  

Во овие моменти се игра натпреварот меѓу Баерн и Борусија Менхенгладбах, а по првото полувреме резултатот е 1-1

Прво, тимот од Минхен дојде во водство по една несфатлива грешка на голманот Матијас Зомер. При едно враќање назад, голманот на гостите имаше погрешно додавање, па топката наместо кај своите ја даде кај Циркзи, кој го искористи подарокот и постигна гол за водство на Баерн.

Меѓутоа, во 37. минута, Менхенгладбах израмни на 1-1 со автоголот на десниот бек Павар.