Челси во судиското продолжение го победи Кристал Палас! (ВИДЕО)

Со два гола на Галагер во второто полувреме и еден на Енцо, Челси со 3-1 победи на гостувањето кај Кристал Палас, големи три бода за тимот на Покетино.

Челси одигра очајно прво полувреме во кое упатија само еден шут кон голот на домаќините. Кристал Палас со погодок на Лерма имаше водство од 1-0.

Но, во второто полувреме на сцена стапи Конор Галагер кој една сезона од својата кариера помина и во Кристал Палас.

По само две минути игра во второто полувреме Галагер го изедначи резултатот на 1-1.

Се чинеше дека ќе нема победник на овој дуел, но Галагер во 91. минута постигна нов гол за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1.

Кристал Палас со сите сили тргна по израмнување, а тоа му овозможи контра на Челси која ја реализираше Енцо Фернандез за конечна победа на сините од 3-1.