Челси сака „трампа“ со Милан за Тимуе Бакајоко

Тимуе Бакајоко игра како препороден во дресот на Милан по позајмицата од Челси. 

Французинот нема намера да се враќа во Лондон и сака да остане во Милано. Сепак, проблем е неговата откупна клаузула од 35 милиони евра. „Росонерите“ имаат пари да платат, но поради сериозните ограничувања од Финансискито фер-плеј мораат да внимаваат на финансиите. 

Клубот во јануари веќе потроши 70 милиони евра на Лукас Пакета и Кжиштоф Пјонтек, па на лето ќе мора да биде поскромен во трошењето. Челси би прифатил трампа со Милан за Бакајоко.

Френк Кеси е една од желбите на „сините“, па Милан би можел да се согласи. Репрезентативецот на Бергот на слоновата коска ја игра втората сезона во Милан и истекува неговата позајмица од Аталанта.

Милан мора да плати 30 милиони евра ова лето, што значи дека за Бакајоко ќе нема пари. Ситуацијата може да се промени доколку клубот обезбеди пласман во Лигата на шампиони.