Челси одлучи за судбината на Антонио Конте

Антонио Конте е под силен притисок откако тимот вчера загуби со 4-1 на гостувањето кај Ватфорд, а има само една победа на последните пет натпревари во Премиерлигата. 

Според најавите во англиските медиуми, работата на менаџерот засега е сигурна и клубот нема намера да го отпушти во овој момент. Челси моментално е на четвртата позицијата на табелата во Премиерлигата, но и натаму е во игра за трофеј во ФА Купот и Лигата на шампиони.

Сопственикот Роман Абрамович бил против назначување на нов менаџер, кој само би ја завршил сезоната. Тој веројатно ќе му врачи отказ на Конте по завршувањето на сезоната, а како негови можни наследници се споменуваат Луис Енрике, Карло Анчелоти и Диего Симеоне.

Конте ја има подршата и од фудбалерите на Челси. Капитенот Гери Кејхил изјави дека фудбалерите треба сами да се погледнат во огледало и дека менаџерот врши фантастична работа. Вината за слабите резултати во последно време треба да ја преземат сите, а не само менаџерот.