Чалханоглу: Ибрахимовиќ не придонесе со ништо за титулата на Милан

Хакан Чалханоглу минатото лето го напушти Милан како слободен играч и се пресели во редовите на градскиот ривал Интер. 

Турчинот ги налути неговите поранешни соиграчи и навивачите поради неговите изјави со кои ги провоцираше „росонерите“. Тој на промоцијата во Интер изјави дека доаѓа во далеку поголем и поквалитетен клуб за да освојува титули. Погоди од пенал на дербито „дела мадонина“ и славеше пред навивачите на Милан. 

Златан Ибрахимовиќ за време на шампионската парада пред еден месец побара од илјадниците навивачи на улиците на Милан да му испратат порака на Чалханоглу. Имаше скандариња против Турчинот. Сега тој во интервју му одговори на Швеѓанецот за провокациите.

„Тој (Ибрахимовиќ) е 40-годишен човек, јас немаше да го направам тоа ако бев на негови години, нема 18 години. Сака постојано да биде во центарот на вниманието. Оваа сезона тој воопшто не придонесе за 'скудетото', тој практично не ни играше. Но, прави сè за да биде во центарот на вниманието“, рече Чалханоглу.

„Не се грижам воопшто, не е фер од личност која постојано ми се јавуваше кога бев во Милан, кој сакаше да одиме на вечера, да возиме мотоцикли. Го почитував. Тој исто така пишуваше за мене во неговата книга, тој ги пишуваше тие работи за мене, бидејќи во спротивно ќе му беше празна. Нема да му одговора, подобро е да не му одговорам“, додаде Турчинот.