Британската полиција по 34 години се извини за трагедијата на Хилсборо
На „Хилсборо“ во полуфиналето на ФА-Купот се случи најголемата трагедија, поради големи пропусти во организацијата и преголемиот број на гледачи на трибините, поради што 97 лица го загубија животот, но британските власти и полицијата тогаш ги обвинија хулиганите дека се виновници во екот на големите проблеми со хулиганизмот на Островот, четири години по катастрофата на Хејсел за која беа одговорни навивачите на Ливерпул.
Но цели три децении траеше битката за правдата и на крај се докажа дека ливерпуловите навивачи не биле виновни, туку пропупустите во командата и организацијата на полицијата, која лошо од безбедносен аспект го организирала мечот и допуштила да има прекумерен број на навивачи на трибините.
„Полициските активности целосно не успеаја во својата задача кон жртвите на катастрофата на ‘Хилсборо’ и се извинуваме што згрешивме. Полициските грешки беа главната причина за трагедијата која влијае на семејствата до денешен ден. Кога беше потребно лидерство, се однесувавме кон жртвите без внимателност и одговорност“, објави Енди Марш, генералниот директор на НПЦЦ.