„Бомба“ од Париз: ПСЖ го договара вториот најголем трансфер во историјата

Францускиот медиум „Ле Паризиен“ пишува дека ПСЖ во летниот преоден рок ќе се обиде да го купи талентираниот Ламине Јамал од Барселона.

Јамал има клаузула од милијарда евра во неговиот договор, но тоа не значи ништо бидејќи ПСЖ планира да понуди 200 милиони евра за трансферот на Јамал.

Барселона е во лоша финансиска состојба и дефинитивно би им биле добредојдени 200 милиони евра, па Жоан Лапорта и раководството на клубот во следниот период мора да размислат за примамливата понуда од Париз.

Доколку биде прифатена понудата, тогаш Јамал ќе стане втор најскап фудбалер во историјата на фудбалот, додека прв на листата ќе остане Нејмар кој за 222 милиони евра се пресели од Барселона во ПСЖ пред неколку години.