Барселона води во Мадрид: Кристенсен ја казни грешката на Лунин (ВИДЕО)

Барселона на стартот на натпреварот против Реал Мадрид постигна гол за водство од 1-0, откако дефанзивецот Андреас Кристенсен ја казни грешката на Андреј Лунин.

Лунин имаше погрешна проценка при еден центар-шут на каталонскиот тим, а потоа Кристенсен без проблеми ја затресе неговата мрежа.