Барселона се закани, ќе бара да се преигра Ел Класико!

Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта вели дека ќе бараат докази од Шпанската фудбалска федерација дали топката ја минала гол линијата, не ја исклучува можноста да бараат преигрување на мечот со Реал Мадрид.

Во Барселона се убедени дека топката ја мина гол линијата и требаше да биде признаен голот на Јамал.

„Побаравме од Шпанската фудбалска федерација да ни достават снимки и аудио снимки од ВАР од поништениот гол на Јамал“, вели Лапорта.

„Ако тоа беше гол, не ја отфрламе можноста да бараме преигрување на мечот“.

„Ќе одиме далеку, не исклучуваме ништо“.