Барселона почна убедливо, Албанец постигна – три гола (ВИДЕО)

Екипата на Барселона убедливо ги почна контролните натпревари во пресрет на новата сезона, откако без никакви проблеми го совлада нисколигашот Гимнастик (4-0), во меч во кој не настапи речиси ниту еден од стандардните првотимци.

Средбата ќе остане запаметена по трите погодоци на Реј Минај, кој е првиот албански фудбалер во клупската историја. Првиот гол го постигна во 62. минута на ефектен начин, вториот во 86. минута, а третиот на самиот крај од пенал.

Неговото остварување е уште позначајно ако се знае дека играше само во второто полувреме.