Барселона и Бока јуниорс ќе се соочат во С. Арабија во чест на Марадона

Барселона закажа натпревар против Бока јуниорс на 14 декември, а тие ќе се борат за трофејот на „Марадона купот“, кој ќе се игра во чест на легендарниот Аргентинец.

Организатор на турнирот ќе биде Саудиска Арабија, а средбата ќе се одигра на стадион во Ријад, кој има капацитет од 25.000 гледачи.

Марадона ја почна кариерата во Аргентинос јуниор, а потоа се пресели во Бока и се задржа една година, по што замина за Барселона, а на самиот крај на кариерата Аргентинецот се врати во татковината.

Периодот во Шпанија му беше успешен затоа што Марадона на „Камп Ноу“ ги освои Купот и Суперкупот на Шпанија, а со многу успех играше и во Наполи.