Баерн Минхен на само една победа до осмата титула по ред (ВИДЕО)

Баерн Минхен со гол во финишот успеа да слави со 2-1 против Борусија Менхенгладбах во рамки на 31.коло.

Младиот Џошуа Циркце го отвори резултатот во 26-тата минута, а за него тоа беше четврти гол во дресот на „баварците“ сезонава. Бенжамин Павар си постигна автогол за 1-1, а победничкиот гол беше дело на Леон Горецка во 86-тата минута.

Баерн Минхен сега има 73 бодови на првото место или седум повеќе од Борусија Дортмунд. До крајот на сезоната има уште три кола, а на Баерн му треба уште една победа за дојде до осмата титулата по ред во Бундеслигата.