Баерн и Флик почнаа преговори, ама хит е можниот помошен тренер

Откако пропаднаа неколку опции за тренерската позиција, Баерн се врати на својот поранешен предводник Ханси Флик со кого во моментов е на преговори.

Сепак, навивачите се највозбудени поради можноста на Алијанц арената да се врати легендарниот напаѓач и се уште најдобар стрелец во историјата на германската репрезентација Мирослав Клосе. Тој би бил помошник на Флик ако двете страни се договорат и со тоа би се вратил во Баерн каде работеше во сезоната 2020/21, исто така како асистент и исто така под водство на Флик.

Во меѓувреме, Клосе работеше и како прв тренер, но не во Германија, туку во австрискиот прволигаш Алтах.