Баерн доби нова „корпа“: Емери потпиша нов договор со Астон вила

Поранешниот германски шампион Баерн Минхен покажа голем интерес за услугите на тренерот Унај Емери, но премиерлигашот Астон вила реши да не ризикува и ги забрза преговорите за нова соработка, која беше потпишана денеска.

Новинарот Фабрицио Романо најави дека ќе биде ставен потпис на договор до 2027 година, а тоа го потврди и клубот од Бирмингем.

Емери оваа сезона има одлични резултати со Астон вила и до крајот ќе се бори за место во топ-4 во Премиерлигата.