Авијатичар објаснува: Авионот со Сала не смееше да полета на вакво време! (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала уште е исчезнат откако авионот во кој патувал од Нант до Кардиф исчезна.

Сите се сомневаат во најлошото. Тешко може да се поверува дека некој би можел да преживее таква несреќа, а авијатичарот Хорхе Поланко за аргентинските медиуми вели дека авионот не смеел ниту да полета.

„Пајпер Малибу е одличен мал авион, кој може да носи до седум личности. Меѓутоа, изненаден сум што решиле да патуваат прек ноќ, посебно кога знаат какво е времето во Европа во моментов. Тоа е исто како да летале со авионот на Антарктикот. Многу лесно може да се случи да замрзнат моторите и да престанат да работат. Убеден сум дека токму тоа се случило. По вакво време авионот не смеел ниту да полета“, кажа Поланко.

Сала во последниот повик од авионот кажал дека нешто чудно се случува со авионот и бил исплашен, а во моментов потрагата е во тек.